ЗЛАТНО ДЕТЕ: Дарјан Мирчевски освои златен медал на математичката олимпијада на Универзитетот Колумбија во САД
19/07/2024 11:40
13-годишниот Дарјан Мирчевски беше едиснтвениот учесник од Македонија на математичката олимпијада „Коперникус“ на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што се закити со златен медал.
Дарјан е ученик во основното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје и во Њуорјк се натпреваруваше со 60 финалисти од 34 различни држави ширум светот.
Во неговата категорија, за шесто и седмоодделенци, покрај Дарјан, златен медал освоија и математичари од Јапонија, Казахстан, Велика Британија и Монголија.






