MKinformer

your daily dose of news

Сребро и бронза за македонските студенти Јан и Андреј на меѓународниот математички натпревар SEEMOUS 2026

08/03/2026 10:47

Македонските студенти од Природно-математички факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ постигнаа одличен успех на престижниот меѓународен студентски натпревар по математика SEEMOUS 2026.

На натпреварот, студентот по теориска математика и теориска физика Јан Стојановски освои сребрен медал, додека студентот по теориска физика Андреј Стојановски се закити со бронзен медал.

Со овој успех тие достојно ја претставија Македонија и го потврдија високото ниво на математичко образование на ПМФ – Скопје.

Македонскиот тим беше предводен од м-р Стево Ѓоргиев, асистент на Институтот за математика при ПМФ – Скопје.

Тој активно учествуваше и во меѓународното жири за избор на задачите, како и во организацијата на натпреварот во улога на локален координатор.

Домаќин на овогодишното издание на натпреварот беше Здружение на математичари на Кипар, а натпреварот се одржа во Пафос, Кипар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!