НАГЕТС МУ ЈА ИСПОЛНИЈА ЖЕЛБАТА НА НИКОЛА ЈОКИЌ, НОВ СИЛЕН ТАНДЕМ ВО ДЕНВЕР
19/07/2024 7:46Денвер Нагетс ќе му ја исполнат желбата на својот најдобар играч Никола Јокиќ. Расел Вестбрук наскоро ќе стане играч на Денвер.

Лос Анџелес Клиперс го продадоа Вестбрук во Јута Џез, што му го отвори патото кон Денвер.
Според американските медиуми, Јута ќе го откупи неговиот договор, по што Вестбрук ќе стане слободен агент и потоа ќе потпише договор со Денвер.
Со ова ќе се исполни желбата на трикратниот МВП, Никола Јокиќ, кој сакаше да го види Вестбрук во редовите на франшизата од Колорадо.
Така Нагетс ќе добие уште еден ветеран, додека Јута го испрати Кришан Дан во Клиперс
МВП на лигата од 2017 година две сезони го носеше дресот на ЛА Клиперс, во просек бележеше по 11,1 поен, пет скока, 4,5 асистенции и 1, 1 украдена топка.






