MKinformer

your daily dose of news

Лејкерс славеа во градското дерби, Дончиќ блесна со 38 поени, а Денвер на Јокиќ победи со 54 разлика

21/02/2026 11:49

Дончиќ ја реши драмата против Клиперс

Во возбудливо градско дерби, Los Angeles Lakers го совладаа Los Angeles Clippers со 125:122, а централна фигура на мечот беше Luka Dončić.

Словенечкиот плејмејкер одигра извонреден натпревар и заврши како прв стрелец со 38 поени. Особено беше расположен од линијата за три поени, погодувајќи осум од 14 обиди.

На пет минути до крајот резултатот беше израмнет (109:109), но Дончиќ украде топка во клучен момент и во контранапад реализираше тројка со која не дозволи Клиперс да го преземат водството.

Во финишот, при водство од 118:115, Дончиќ постигна кош под фаул и го реализираше дополнителното слободно фрлање, со што практично го потврди триумфот на Лејкерс. Покрај 38-те поени, тој запиша и 11 асистенции, шест скока и три украдени топки.

 

Денвер убедлив на гости

Највпечатливата победа вечерта ја оствари Denver Nuggets, кои со 157:103 триумфираа на гостувањето кај Portland Trail Blazers.

Првото име кај Денвер беше Nikola Jokić со 32 поени, девет скока и седум асистенции за само 29 минути на теренот.


Други резултати од НБА:

  • Шарлот – Кливленд 113:118

  • Мемфис – Јута 123:114

  • Вашингтон – Индијана 131:118

  • Атланта – Мајами 97:128

  • Минесота – Далас 122:111

  • Њу Орлеанс – Милвоки 118:139

  • Оклахома – Бруклин 105:86

  • ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125:122

  • Портланд – Денвер 103:157

error: Содржината е заштитена од копирање !!