MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)СТРАШНИ СЛИКИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, СПИЈАТ ПО ХОДНИЦИ НА ЗЕМЈА

28/07/2024 12:29

На Фејсбук профилот на ТВ21 се емитува снимка од затворот Идризово, а е испратена од затвореници кои се жалат на условите во оваа казнено поправна установа.

На снимката се гледа како затвореници лежат во ходниците на затворот, а не во затвореските келии. На видеото  се зборува и за страшните субстандардни услуови и хигената, а се збори дека дури и во тоалет се иде со закажување.

Иако затворениците немаат право на мобилни уреди, јавна тајна е дека за одредена сума на пари овие привилегии можат да се обезбедат.

Сосотојбата и условите во затворите се актуелна тема изминатиот период, а се повеќе од јасно е дека казнено поправните установи во Македонија се далеку од потребните стандарди и услови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!