MKinformer

your daily dose of news

Студено време за викендов

30/11/2024 10:38

Денес во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките и планински места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови од државата врнежите ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени целзиусови.

Во Скопје и околината ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне до 5 степени целзиусови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!