ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ СВЕДОЦИ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ ОСОМНИЧЕН ЗА ПАЛЕЊЕ КАФУЛЕ ВО КИСЕЛА ВОДА
11/12/2024 14:55
Еден од клучните сведоци во случајот за монструозното убиството на малата Вања и Панче сега е осомничен за палење на кафуле во Кисела Вода.
Гоце Трајковски, кој заедно со Александар Ѓорчевски собирал и прегледувал снимки за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска, и требаше да биде сведок во судскиот процес е осомничен за палење на кафуле во Кисела Вода и е во бегство.
Трајковски на 15 ноември требаше да сведочи за убиството на Вања и Панче но не се појави во судница поради панични напади и висок крвен притисок.





