MKinformer

your daily dose of news

УШТЕ ДВЕ ДЕЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ОПАСНИОТ ТИК-ТОК ПРЕДИЗВИК „СУПЕРМЕН“

17/12/2024 9:52

Уште две деца викендов биле примени во Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик на Тик-ток познат како „Супермен“.

Како што информира за МИА директорот на болницата, д-р Небојша Настов, петнасетгодишна девојка е примена на болничко лекување со скршеница на два слабински пршлена. Викендот со повреди на зглобовите на рацете била примена и ученичка која го прифатила Тик-ток предизвикот.

Директорот на клиниката „Св. Наум Охридски“, Настов, вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

„Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактици. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман“, вели Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува.

Во предизвикот дете со крената рака како Супермен се затрчува кон група која има испружено раце и откако ќе го фатат детето, го фрлаат во воздух. Другите деца се тргаат настрана, а очекувањата се дека Супермен ќе „летне“, па на крајот ќе се спушти и ќе застане на нозе.

Но, во почести случаи детето паѓа наземи и се здобива со повреди.

error: Содржината е заштитена од копирање !!