MKinformer

your daily dose of news

ДЕПОРТИРАНИ ПРВИТЕ 80 МИГРАНТИ ОД САД ЗА ГВАТЕМАЛА

25/01/2025 10:50

Американската војска почна да ги спроведува одлуките на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Од вчера вечер војската започна со депортација на илегални мигранти од САД користејќи транспортни авиони кои превезуваа група од 80 мигранти во Гватемала.

Американското Министерство за одбрана, заедно со американската служба за имиграција и царина (ICE), депортираа 80 илегални мигранти во Гватемала. Транспортот беше извршен од воениот аеродром Бигс со транспортен авион C-17 Globemaster.

Прес секретарот на Белата куќа, Каролина Левит,  на мрежата Х сподели дека борбите за депортација започнаа и дека претседателот Трамп „испраќа силна и јасна порака до целиот свет: ако нелегално влезете во Соединетите Американски Држави, ќе се соочите со тешки последици. ”
Американската војска почна и со операции на границата со Мексико со употреба на 1.500 војници, од кои 1.000 би требало да бидат од копнените сили, додека ќе им се придружат сили од 500 маринци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!