Англискиот репрезентативец, Кајл Вокер синоќа го комплетираше трансферот од Манчестер Сити во Милан, Англичанецот објасни и зошто ќе го носи дресот со бројот 32.
Вокер потпиша во Милан на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде целосно откупен за 5 милиони евра.
Тој стана деветтиот Англичанец кој го облекол дресот на Милан, другите осум се Џими Гривс, Лутер Блисет, Реј Вилкинс, Марк Хејтли, Дејвид Бекам и сегашните Фикајо Томори, Рубен Лофтус-Чик и Теми Абрахам.
️Leaving his first mark 🖌🎥
#SempreMilan #DNACMilan
Posted by AC Milan on Friday, January 24, 2025
Вокер кажа дека бројот 32 го одбрал во чест на англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам кој додека играше за Милан го носеше овој број.
„Го одбрав бројот 32 поради Дејвид Бекам, тој е икона на нашата земја“, рече Вокер.
Тој сподели и дека Абрахам му помогнал да ја донесе одлуката за трансфер во Милан.
„Тами ми рече дека треба да дојдам, тој ми помогна да ја донесам одлуката“.