КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО: Јокиќ со најдобрата „последна минута“ во својата кариера за победа
01/02/2025 12:47
Тимот на Никола Јокиќ се изнамачи против Филаделфија во вчерашниот дуел. Србинот експлодрише во последните четири минути од натпреварот, а само во последната минута даде 8 поени за победа на Денвер Нагетс.
Денвер им се врати на победите откако со 137-134 славеше на гостувањето кај Филаделфија, Јокиќ не беше најефикасен во својот тим, но беше клучен кога се решаваше мечот.
Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, имаше девет скокови и 13 асистенции. Србинот одлично го почна мечот, со девет поени во првата четвртина, но потоа застана. Сепак во последните четири минути постигна 14 поени и речиси сам ја обезбеди победата. Во последните 60 секунди даде дури осум поени, што е негова најдобра последна минута во НБА кариерата.
Nikola Jokić. Jamal Murray. @nuggets W. 🙌
🏔️ Jokić: 28 PTS, 13 AST, 9 REB, 68.8 FG%
🏔️ Murray: 31 PTS, 11 AST, 6 REB, 54.5 FG%Jokić had 8 points in the final minute to lift Denver over Philly! pic.twitter.com/ihVq9hm81c
— NBA (@NBA) February 1, 2025
Поефикасен од него во составот на Денвер беше Мареј со 31 поен, имаше и 11 асистенции. Најдобар на теренот беше кошаркарот на Филаделфија, Макси кој реализираше 42 поени.






