MKinformer

your daily dose of news

ЈАКИМОВСКИ: Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените

04/02/2025 12:50

Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски повторно се осврна на бојкотот на маркетите и поддршката од страна на Владата.

-Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони евра. Тоа е некаде околу 3,5% добивка, профит од целокупниот промет, пишува Јакимовски во својата објава.

Комерцијална банка, Тутунска банка и Стопанска банка имаат вкупен промет од 380 милиони евра, а добивка 191 милион евра. Изразено во релативни бројки (проценти) тоа е над 50% добивка, профит од вкупниот промет, додава Јакимовски.
Внимавајте! Овде зборуваме само за три банки. Сите заедно прават над 230 милиони евра заработка за изминатата 2024 година.

Тој меѓу другото го коментира и прометот на дел од најголемите македонски банки. Упати неколку прашања до премиерот Христијан Мицкоски.

-Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените, стои меѓу другото во објавата на Јакимовски на социјалните мрежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!