Следниве денови, стабилно и суво време со студени утра, сончево во текот на денот
06/02/2025 9:07
Сите прогнози покажуваат стабилно и суво време со студени утра. Денеска, времето ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала локална облачност. Минималните температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека максималните ќе бидат меѓу 4 и 12 степени. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а денот ќе биде сончев. Минималната температура ќе падне до -3, додека максималната ќе достигне 11 степени.
Во следните денови се очекува стабилно и суво време, но со студени утра. Во петок и сабота, по одделни котлини, ќе има појава на магла и ниска облачност.






