MKinformer

your daily dose of news

ПРЕКУ 2000 ЛУЃЕ ДОЈДОА ДА ОДДАДАТ ПОЧИТ НА ПОГРЕБОТ НА ИГОР ЈУГ

10/02/2025 19:36

Огромна почит кон уставобранителот Игор Југ покажаа повеќе од 2 илјади луѓе кои денеска го испратија Игор Југ во вечното почивалиште!

Голем број членови на неговото семејство, пријатели, но и поддржувачи на неговиот лик и дело го испратија Југ во неговото вечно почивалиште.

Попладнево се одржа погребот на уставобранителот Игор Југ кој ненадејно почина вчера вечер од срцев. Југ беше погребан на градските гробишта во Куманово.

Игор Југ е ветеран од војната во 2001 година, татко на 5 деца, а зад себе ја остави и неговата сопруга Ивана Југ која е бремена со нивното шесто дете.

Југ учествуваше во настаните на 27 април кога заедно со илјадници други граѓани влезе во Собранието на Република Македонија. Иако за него немаше никакви докази дека сторил некакво кривично дело додека бил во Собранието тој беше осуден на затворска казна од 12 години која ја отслужуваше достоинствено и чесно иако во ниту еден случај не беше ниту терорист, ниту пак истата ја заслужи.

Тој во моментот кога почина ја лежеше осмата година на затвор. Југ е човек кој беше без влакна на јазикот, храбар и директен, човек кој секогаш го кажуваше она кое го мислеше макар и го чинело скапо.

Југ иако во затвор беше многу послободен од многумина коишто целиот свој живот го поминале на слобода.

Почивај во мир Игор Југ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!