ДАНСКА И ГРЕНЛАНД СО КОНТРА ПОНУДА ЗА ТРАМП И АМЕРИКА: КАЛИФОРНИЈА ЗА ТРИЛИОН ДОЛАРИ
13/02/2025 11:19
Во Данска и Гренланд деновиве е актуелна сатиричната петиција која доби повеќе од 200.000 потписи, а наводно има за цел да финансира трилиони долари за да и дозволи на Данска да ја купи Калифорнија.
„Дали некогаш сте погледнале мапа и сте помислиле: „Знаете што и треба на Данска? Повеќе сонце, палми и ролери.“ Па, имаме можност која се случува еднаш во животот да го направиме тој сон реалност“, се вели во петицијата.
„Да ја купиме Калифорнија од Доналд Трамп! Да, добро слушнавте. Калифорнија може да биде наша, и ни треба вашата помош за да го оствариме тоа“.
Петицијата доаѓа како одговор на изјавата на американскиот претседател кој изрази интерес за контрола и преземање на Гренланд, полуавтономна данска територија.
Во петицијата се наведени голем број причини зошто Данска би имала корист од спорното купување на Калифорнија, вклучително и подобрени временски услови, безбедно снабдување со авокадо и технолошка доминација.
Останува само да се постигне целта и да се собере фонд од 1 трилион долари.





