Колумна: ГРЕНЛАНД И ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЗАПАДОТ
16/01/2026 17:47
Европа и Америка како чакали над коска
Европа и Америка денес не личат на партнери што бранат вредности.
Личат на чакали кои р’жат над иста коска, мерат заби, но сè уште не се фрлиле еден на друг. Коскава се вика Гренланд – територија богата со ресурси, стратешка и доволно далеку од европските метрополи за совеста да не боли.
Официјално, Западот зборува за меѓународно право. Неофицијално, важи старото правило: силниот зема, слабиот се правда.
🇪🇺 ЕВРОПА – МОРААЛЕН ПРОПОВЕДНИК СО ПРАЗНИ РАЦЕ
Европа реагира со симболи: 13 германски војници, еден Британец, двајца Швеѓани. Тоа не е одбрана – тоа е театар за домашна употреба. Порака до Данска: „Сме со тебе“. Порака до Вашингтон: „Не грижи се, нема да одиме далеку“.
🇺🇸 АМЕРИКА – ХЕГЕМОН БЕЗ ТРПЕНИЕ
САД, пак, не глумат. Тие имаат бази, моќ и историја на директно дејствување кога интересот го бара тоа. Кога Америка сака територија, таа не чека консензус – таа создава „нова реалност“.
И тука доаѓа лицемерието што Европа толку очајно се обидува да го сокрие.
🩸 КОСОВО 1999: КОГА СЕЦЕСИЈАТА БЕШЕ „ВРЕДНОСТ“
Денес Европа зборува за суверенитет на Данска. Вчера – го газеше суверенитетот на Србија.
Во 1999 година, Европа и Америка заеднички ја поддржаа сецесијата на Косово, спротивно на меѓународното право, без одлука на Советот за безбедност на ОН, со НАТО-бомбардирање како аргумент.
Тогаш, територијалниот интегритет беше „застарен концепт“.
Тогаш, бомбите беа „хуманитарна интервенција“.
Тогаш, сецесијата беше „право на самоопределување“.
Денес, истите тие актери зборуваат за „правила“, „ред“ и „опасен преседан“.
❗ ПРАВИЛАТА НЕ ВАЖАТ СЕЛЕКТИВНО
Ако Косово можеше да се отцепи со бомби, зошто Гренланд да не се „препозиционира“ со притисок?
Ако меѓународното право можеше да се суспендира во Белград, зошто да не се релативизира во Копенхаген?
Западот сам го создаде светот во кој правото е алатка, а не принцип.
🧨 СЕГА ЧАКАЛИТЕ СЕ СВРТЕНИ ЕДЕН КОН ДРУГ
Разликата е што овојпат не станува збор за Балкан, туку за поделба на плен меѓу самите хегемони. Европа се плаши да се спротивстави, затоа што знае дека без Америка е гола. Америка не се плаши, затоа што знае дека Европа ќе мрмори – но ќе попушти.
🌍 ГРЕНЛАНД Е ОГЛЕДАЛО НА ЗАПАДОТ
Не се тестира само Европа.
Се тестира целата западна приказна за морална супериорност.
Ако Европа навистина верува во меѓународно право, тогаш мора да биде подготвена да го брани – и кога е болно, и кога е скапо, и кога е опасно. Ако не, тогаш нека престане да држи лекции на остатокот од светот.
Зашто светот памети, кога истата логика се применуваше:
-
врз Србија,
-
врз Ирак,
-
врз Либија,
тогаш тоа беше „нужна интервенција“.
Денес, кога коскава се вика Гренланд, одеднаш има проблем.
Денес Гренланд. Утре нешто друго.
Во свет каде што чакалите еднаш ќе се скараат околу коската, нема победници, има само нови рушевини и крв на сите страни.
Уредничка аналитичка колумна
Пишува
Борислав Стоилковиќ
Уредник во МК Информер





