MKinformer

your daily dose of news

Железничкиот сообраќај Скопје – Куманово стартува, но граѓаните не заинтересирани

16/02/2025 11:09

На 5 февруари започна сообраќањето на првиот воз на обновената железничка линија од Скопје за Куманово, кој ќе вози два пати дневно, а патувањето ќе трае 41 минута. Сепак, засега не се забележува голема заинтересираност за оваа рута.

Според податоците од Денар.мк, попладневниот воз кој во петокот тргнал од Скопје во 16:30 часот имал само еден патник. Иако оваа линија се смета за економично решение со билет од 87 денари, граѓаните не се навикнати на возовите како превозно средство.

Од „Македонски железници“ изјавуваат дека ќе го следат развојот на ситуацијата во следните месеци и се надеваат на поголема посетеност. Според нив, потребно е време за граѓаните да се навикнат на новиот вид превоз, па ќе се работи на подобрување на услугите и прилагодување на возниот ред ако тоа биде потребно.

Возовите ќе сообраќаат два пати на ден по трасата Скопје – Куманово – Бељаковце. Од октомври наредната година се очекува да биде завршена целосната изградба на пругата, што ќе овозможи возот да продолжи до Крива Паланка. Претходно, министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во текот на годината ќе бидат повторно воведени железничките линии за Тетово, Гостивар, Кичево, Кочани и Штип. Според него, минатата година се забележа значителен пораст во прометот на карго и патнички железнички сообраќај.

error: Содржината е заштитена од копирање !!