Владата ги замрзнува цените и маржите на основни продукти до крајот на април
18/02/2025 23:17Владата донесе одлука: Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото мло, јајцата и зејтинот до крајот на април ќе се продаваат по истите цени како на 1 февруари. Дополнително, нивната маржа се замрзнува на максимум 5%.
Шеќерот, оризот, пекарските производи, бисквитите, тестенините, свежото месо, сирењето, кашкавалот, замрзнатиот зеленчук, чоколадата, кечапот и мајонезот, зачините, кафето, соковите и дел од алкохолните пијалаци ќе се продаваат со замрзната маржа до 10%.
Речиси целото овошје и зеленчук, пастата за заби, гелот за туширање, шампонот, влажните марамчиња, тоалетната хартија, влошките, пелените, детските каши, детергентите и сапунот ќе имаат маржа до 15%.
Маркетите се обврзани да ги означат сите производи со етикета „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и да обезбедат најмалку 70% од количините што ги имале во јануари.
Оваа одлука ќе стапи на сила наскоро, по објавувањето во службен весник, а Пазарниот инспекторат ќе врши контрола секојдневно. Во случај на неправилности, казните можат да изнесуваат до 20 илјади евра.

![Од денес поевтинуваат над 1000 прехрамбени производи: Лебот, млекото, зејтинот со замрзнати цени supermarket[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/supermarket1.jpg)




