Од денес поевтинуваат над 1000 прехрамбени производи: Лебот, млекото, зејтинот со замрзнати цени
20/02/2025 12:17
Откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите до 30 април, од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи.
Производите во маркетите треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење имаат замрзнати цени. До крајот на април ќе чинат исто како и на први февруари. За овие производи маржата е ограничена на 5%.
Маржа од 10% ќе се пресметува за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци.
На дел од свежото овошје и зеленчук ќе се пресметува маржа од 15%. Истата маржа ќе се пресметува и за средствата за лична хигиена и бебешката храна.





