ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ ОД САРАЈ СЕ ИСПОТЕПАЛЕ КАЈ ВОЕНИОТ ОДПАД ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
18/02/2025 18:12
Двајца припадници на АРМ поради претходна меѓусебна нетрпеливост физички се пресметале на воениот одпад во општина Ѓорче Петров.
На 17.02.2025 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






