21-годишнина од трагичната смрт на Борис Трајковски: Почести во Македонија и Босна
26/02/2025 9:27
Денеска во Скопје, Струмица и Ротимље близу Мостар во Босна и Херцеговина ќе се одбележи 21 годишнина од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Во несреќата која се случи во близина на аеродромот во Мостар, животот го загубија и членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Членови на семејствата и други државни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Градските гробишта Бутел во Скопје, а почести ќе бидат оддадени и на спомен обележјето во Ротимље.
Претседателот Борис Трајковски загина на 26 февруари 2004 година, кога владениот авион, во кој се наоѓаше, се урна во близина на Мостар. Заедно со Трајковски, животот го загубија и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Трајковски патуваше со авионот „Кингер“ на Меѓународната конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина. Авионот требаше да слета во 8 часот по локално време. Остатоците од авионот беа пронајдени 24 часа по падот.
Првичната истрага, која ја водеа надлежните македонски и босански органи, покажа дека причината за падот на авионот биле пропусти на екипажот при процедурата за приоѓање на аеродромот во Мостар, под сложени метеоролошки услови, со густа магла и облачност.
Борис Трајковски бил роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Тој беше втор претседател на Република Македонија, служеше од 15 декември 1999 година до трагичната смрт на 26 февруари 2004 година.