Приведен бизнисменот Ратко Капушевски
10/03/2025 19:11
Во координирана акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е приведен познатиот бизнисмен Ратко Капушевски, дознава Инфомакс.
Како што се тврди во објавата на Инфомакс полицијата сѐ уште е присутна во неговиот дом, од каде е приведен.
Засега нема информации за кои кривични дела ОЈО ГОКК го товари бизнисменот.
Од ОЈО ГОКК и МВР засега не даваат информации за акцијата.



![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)


