Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје поради планирани зафати
13/03/2025 9:20
Денес, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, корисниците од делови на улиците „Богомилски поход“, „Благоја Мучето“, „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром ќе останат без електрична енергија од 8 до 15 часот.
Покрај тоа, од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците „Беласица“ и „Петричка“ во Општина Центар. Во истиот период, од 9:00 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе останат и корисниците од дел од бул. „Партизански одреди“, во околината на Градежниот факултет.
Од 11:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од делови на улиците „Исаија Маџовски“ и „Воин Драшкоци“ во Општина Ѓорче Петров.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните да се подготват за прекини во снабдувањето со електрична енергија и да се придржуваат на препораките на ЕВН.




