MKinformer

your daily dose of news

СВЕДОШТВА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА: Преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, изнесувале на раце изгорени и јагленисени свои другари

19/03/2025 8:49

Доктор Нико Беќаровски,  екс-директорот на Клиниката за токсикологија информираше дека повеќе млади кои го преживеале пожарот во кочанската дискотека биле хоспитализирани на клиниката. Според него, секој од младите има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале во тие 10-30 минути додека траел хоророт во „Пулс“.

Како што објави докторот, преживеаните „раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности“.

Беќаровски жали и оценува дека „ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!