MKinformer

your daily dose of news

(Видео) ВО СКОПЈЕ НЕКОЈ СЛАВЕШЕ, А НЕКОЈ ПРОВОЦИРАШЕ СО ОГНОМЕТ ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ТАГУВА

20/03/2025 8:52

Во текот на вчерашната вечер во пресрет на испраќањето на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на нивните вечни почивачишта, во Скопје на неколку локации се гледаше огномет. Ова предизвика горчина кај скопјани.

Додека Македонија е во денови на жалост, целата земја е завиена во црно, во тага и болка поради трагедијата во Кочани некому му дошло до огномет.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од огномет кој е испукан вечерва во Скопје. Како што пренесоа некои медиуми наводно се работи за огномет на приватна забава која ја правел малолетник во кафуле во Градскиот парк.

Граѓаните се изненадени од чинот на непознатиот сторител и очекуваат реакција на МИнистерството за внатрешни работи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!