MKinformer

your daily dose of news

Фудбалска солидарност: Против Велс со 18.000 продадени билети, а приходот ќе оди за повредените од Кочани

23/03/2025 17:46

Македонската фудбалска јавност ќе ја бодри нашата репрезентација со голема поддршка и хуманост во вторник на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Повеќе од 18.000 билети се продадени за натпреварот против Велс, кој е дел од второто коло на новиот циклус мундијалски квалификации.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, вчера најави дека средствата од продажбата на билетите за овој натпревар ќе бидат донирани на повредените и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во трагедијата во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран на повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат“, изјави Омерагиќ.

Натпреварот Македонија – Велс ќе се игра во вечерниот термин, со почеток во 20:45 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!