Шокантни промени кај астронаутката Сунита Вилијамс по враќањето од вселенската мисија
02/04/2025 16:19
Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс, се обратија на јавноста по враќањето од својата вселенска мисија, која траела повеќе од девет месеци, наместо првично планираните осум дена.
Во интервју за Фокс Њуз, двајцата астронаути признаа дека продолжувањето на нивниот престој во вселената било резултат на заедничка одговорност на НАСА, Боинг и нив самите.
Меѓутоа, најголемо внимание привлекле видливите промени кај Сунита Вилијамс по нејзиното враќање на Земјата. Фотографиите направени веднаш по излегувањето од капсулата SpaceX Dragon, која ја врати од Меѓународната вселенска станица, ја прикажале како видно исцрпена, со седа коса, поизразени брчки и потонато лице.
„Како е можно да изгледа толку различно по толку кратко време?“ праша еден од корисниците на социјалните мрежи. Загриженоста за нејзиното здравје растела кога лекарите забележале дека таа има „исклучително тенки зглобови“, што указува на губење на телесна и мускулна маса по долгото време во бестежинска состојба.
Пулмологот и поранешен воен лекар Винеј Гупта за „Дејли Мејл“ изјавил дека лицето на Вилијамс сега изгледа „поопуштено и поодморено“, објаснувајќи дека нејзиното тело се адаптира на нормалните услови на гравитација. „Изгледа дека конечно добро спие“, додал Гупта, истакнувајќи дека нејзиниот организам веќе не е под ист стрес како за време на престојот на надморска височина од над 370 километри над Земјата.
Вилијамс го опиша своето закрепнување како „вистинско чудо“. Во меѓувреме, таа малку се здебела и ја обои косата во потемна нијанса, што дополнително создаде впечаток дека се враќа во форма.
Астронаутите се вратија на Земјата на 18 март, а според лекарите, веќе ја минале најтешката фаза на закрепнување. Сепак, експертите, вклучувајќи го д-р Гупта, сметаат дека на Вилијамс и Вилмор ќе им бидат потребни најмалку уште шест недели за да ја вратат својата основна кондиција.






