MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Авион падна на автопат во Италија, најмалку дваца загинати

23/07/2025 19:24

Несреќата се случила околу пладне, а сведоците ја опишуваат сцената како шокантна. Според изјавите на локалното население, авионот нагло се завртел во воздух, по што следел силен и страшен удар во земјата.

Спасувачките тимови, кои брзо реагирале, ги пронашле изгорените тела на пилотот и патниците во остатоците од леталото.

Медиумите јавуваат дека меѓу жртвите се наоѓале познатиот италијански адвокат Серџо Гараваљи и Ана Марија де Стефано.

И покрај брзата интервенција на екипите за итна медицинска помош, било констатирано дека патниците не ја преживеале несреќата. По ударот, авионот се запалил, а делови од него погодиле два автомобили што се движеле по автопатот во моментот на несреќата.

Возачите поминале со лесни повреди – едниот (49) одбил медицинска помош, додека другиот (56) бил пренесен во болница на дополнителни прегледи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!