MKinformer

your daily dose of news

Христијаните го одбележуваат Велики петок – ден на Христовите страдања

18/04/2025 9:56

Денеска христијаните ширум светот го одбележуваат Велики петок, еден од најтажните денови во христијанскиот календар, денот кога, според верувањето, бил распнат Исус Христос.

Познат и како Распет петок, овој ден се одбележува со строги богослужби, читања од Евангелието и обреди кои го симболизираат страдањето, смртта и погребението на Христос. Вечерната служба вклучува изнесување на покривката – платно со везени сцени од страдањето на Исус – кое верниците го целиваат и со кое трипати се обиколува црквата.

Во православната традиција, на Велики петок се практикува најстрог пост – без храна и вода до зајдисонце, освен за болните и постарите. Обичај е и вапсување на велигденски јајца во црвена боја, како симбол на пролеаната Христова крв.

Црквата потсетува дека страдањето и смртта на Исус се претходница на неговото воскресение, што ќе биде одбележано на Велигден, најголемиот христијански празник.

error: Содржината е заштитена од копирање !!