MKinformer

your daily dose of news

АХВ уништи 1.740 килограми небезбедна храна по 617 вонредни контроли пред Велигден

21/04/2025 10:01

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вкупно 617 вонредни контроли кај оператори со храна ширум државата во пресрет на велигденските празници, при што беа откриени повеќе неправилности и недоследности во безбедноста на храната.

Според АХВ, кај 16 оператори биле утврдени несоодветни хигиенски услови и технички недостатоци во објектите. Дополнително, четворица оператори не ги имале спроведено задолжителните здравствени прегледи за вработените или користеле санитарни книшки со истечен рок.

Пет оператори воопшто не биле регистрирани во системот на АХВ, додека кај осум биле пронајдени производи со несоодветно означување.

Како резултат на направените контроли:

  • Издадени се 44 решенија за отстранување на неправилности

  • Изречени се 30 парични казни во вкупен износ од 25.400 евра

  • Нештетно се уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Од Агенцијата истакнуваат дека контролите се дел од нивната континуирана заложба за заштита на јавното здравје, особено во периоди кога се зголемува потрошувачката на храна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!