MKinformer

your daily dose of news

Почина папата Франциско

21/04/2025 10:18

Светот утрово ја доби тажната вест – почина папата Франциско, духовниот лидер на Римокатоличката црква.

Веста официјално беше соопштена од страна на Ватикан преку видео-обраќање. Папата Франциско, кој подолго време се соочуваше со здравствени проблеми, неодамна беше хоспитализиран, а јавноста беше информирана дека се наоѓа во процес на опоравување. И покрај неговото кратко враќање во јавноста, неговата здравствена состојба останала сериозна.

Од Ватикан најавија дека повеќе информации и детали околу околностите на неговата смрт ќе бидат соопштени во текот на денот.

Папата Франциско, роден како Хорхе Марио Бергољо, стана првиот папа од Латинска Америка и прв папа-језуит во историјата на Црквата, кој беше избран на 13 март 2013 година. Тој остана запаметен по својата скромност, хуманост и борбата за сиромашните, мирот и заштитата на животната средина.

error: Содржината е заштитена од копирање !!