Метеоролозите предупредуваат: Нестабилно време со дожд, грмежи и ветер цела недела
22/04/2025 8:58
Под влијание на плиток циклон, Македонија ја очекува нестабилна временска состојба до крајот на неделата. Според метеоролозите, времето ќе биде променливо облачно, со честа појава на врнежи од дожд со променлив интензитет.
Особено во попладневните и вечерните часови, се очекува пороен дожд на повеќе места низ земјата, проследен со грмежи и засилен ветер. Метеоалармот веќе издаде предупредување за потенцијално опасни временски услови, особено во западните и јужните региони.
Граѓаните се советуваат да внимаваат при движење на отворено, особено за време на грмежливи невремиња, како и да ги следат препораките на надлежните институции.






