После Шакира, и Клара го напушта Пике?
26/04/2025 8:13
Жерар Пике (38), поранешниот фудбалер на Барселона и долгогодишен партнер на колумбиската суперѕвезда Шакира, раскинал со својата 12 години помлада девојка – Клара Чиа Марти. Веста ја пренесуваат неколку шпански медиуми, повикувајќи се на новинарката Адријана Доронсоро, која ја потврдила информацијата во емисијата “Vamos a ver”.
„Имам потврда дека Жерар Пике и Клара Чиа раскинале и моментално ги истражувам причините, бидејќи добивам информации за можна вмешаност на трета личност, иако засега ништо не е потврдено“, изјавила Доронсоро.
Дополнително, медиумите шпекулираат дека распадот на врската можеби е поврзан со неодамнешна сцена во Мајами, каде што Пике бил забележан во слаткарница во друштво на непозната црвенокоса жена. Шпанските таблоиди нагласуваат дека неговите чести патувања меѓу Барселона и Мајами можеби биле причина за разладените односи со Клара.
Да потсетиме, Пике и Шакира се запознаа во 2010 година за време на снимањето на песната „Waka Waka (This Time For Africa)“, официјалната химна на Светското првенство во фудбал. Нивната врска стана јавна во 2011 година, а заедно имаат два сина – родени во 2013 и 2015 година.
По 13 години заеднички живот, двојката се раздели во 2022 година, во атмосфера обвиткана со гласини за неверство од страна на Пике. Веднаш по раскинувањето, тој започна врска со Клара Чиа Марти, додека Шакира подоцна беше поврзана со британскиот актер Лусиен Лависконт, познат од серијата „Emily in Paris“.




