MKinformer

your daily dose of news

Уапсен тетовец – возел со 111 км/ч на пат каде дозволената брзина е 50

28/04/2025 11:36

Полициски службеници од Секторот за безбедност на патниот сообраќај во Тетово уапсиле 49-годишен жител на Тетово, Н.Л., кој управувал возило со екстремно пречекорена брзина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 април околу 16:10 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце. Н.Л. управувал патничко возило марка „Хонда“ со тетовски регистарски таблици, при што бил фатен како вози со 111 километри на час на дел од патот каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч.

Возачот бил веднаш лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!