Денес сончево, дождови можни кон крајот на неделата
30/04/2025 9:02
Утринава времето е ведро и посвежо, а во текот на денот не очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 7°C, додека максималните ќе достигнат од 19 до 27°C.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 5°C, а максималната ќе достигне до 27°C.
Наредни денови:
-
Четврток (1 мај) и петок (2 мај): Попладне се очекуваат услови за локален краткотраен дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.
-
Викендот: Стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност.
-
Од почетокот на наредната седмица: Повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.





