MKinformer

your daily dose of news

ВАЖНО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Нов закон стапи на сила, внимавајте казните одат и до 2500 евра

02/05/2025 12:24

Од Mај, домаќинствата мора да се подготват за построги правила за сепарирање на био-отпадот. Прекршувањето на овие прописи може да резултира со високи казни до 2.500 евра.

На почетокот на оваа година стапија во сила нови прописи за сепарација на комуналниот отпад, а сега доаѓаат дополнителни строги мерки за биоотпадот, кои важат од 1 Mај. а непочитувањето на мерките, носи значителна казна.

Ова се т.н. загадувачи што собирачите на отпад често ги наоѓаат во кантите за биоотпад. Загадувачите се отпадоци кои не припаѓаат на биоотпадот, на пример пластика, кучешки измет, отпушоци од цигари и одредени видови хартија. Овие материјали го отежнуваат или го оневозможуваат рециклирањето, па затоа наместо компостирање на вреден органски отпад, согорувањето е често единствената опција. Ова е голема загуба бидејќи органскиот отпад се смета за важен ресурс.

Според новата Регулатива за биоотпад (BioAbfV), од 1 мај е дозволено максимум 1% загадувачи во биоотпадот. Усогласеноста со ова правило ќе биде строго следена, а прекршоците ќе бидат санкционирани. Доколку се пронајдат повеќе од 3% туѓи материи, компанијата за отстранување на отпад може да одбие да го собере биоотпадот – кантата нема да се испразни. Само откако домаќинството правилно ќе го сортира својот отпад повторно, тој ќе се собере, но не веднаш, туку за време на следното редовно собирање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!