Загина возач во тешка сообраќајка на патот Кочани – Штип
04/05/2025 14:14
На магистралниот пат Кочани – Штип, на територија на општина Карбинци загина возач кој изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.
На 03.05.2025 година во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „Форд“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип. Известен е надлежен ЈО, а увид извршила увидна екипа од СВР Штип.



![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)

