MKinformer

your daily dose of news

Вучиќ отпатува за Москва, во петок се сретнува со Путин

07/05/2025 12:52

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде ќе присуствува на Парадата на победата над Фашизмот во втората светска војна, на Црвениот плоштад, пренесува Спутник.

Тој во петок треба да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.

На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.

Претседателот на Србија утрово се врати на работните обврски, по здравствените проблеми што ги доживеа за време на престојот во САД.

Во Претседателството на Србија тој се сретна со рускиот амбасадор во Србија Александар Ботсан-Карченко и со британскиот амбасадор Едвард Фергусон.

error: Содржината е заштитена од копирање !!