MKinformer

your daily dose of news

ЗНАЕШЕ ЛИ ДОНАЛД ТРАМП НЕШТО ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА НОВ ПАПА?

08/05/2025 20:29

На вториот ден од конклавата Ватикан избра нов Папа. 133 кардинали го изгласа новиот поглавар на Римокатоличката црква. Денес од оџакот на Сикстинската палата почна да чади бел чад.

Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск.

Претпладнево  двапати се издигна црн чад во Ватикан. Ниту еден од 133-цата кардинали не успеа а добие двотретинско мнозинство на гласови за наследник на папата Франциск кој почина на 21 април од мозочен удар.

Неколку дена пред почетокот на конклавата, изборот за нов Папа, американскиот претседател Доналд Трамп објави слика од себе облечен како Папа, на својата страница „Truth Social“.

На сликата, Трамп како Папа седи на позлатен престол, облечен во бела мантија, со митра на главата и големо златно распетие на градите. Како да благословувал, го кренал показалецот од десната рака нагоре, а на домалиот прст носи нешто слично на рибарски прстен – папски прстен.ж

Оваа слика предизвика реакции во јавноста, дел позитивни, дел негативни. Но денеска отакако кардиналот од Чикаго, Роберт Франсис Превост беше избран за Папа се поставува прашањето дали американскиот Претседател, Доналд Трамп знаел нешто повеќе за изборот на нов Папа пред останатиот дел од светот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!