MKinformer

your daily dose of news

МУ СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ЖЕНА, ПА ГО УЦЕНУВАЛ ЗА ПАРИ СО ГОЛИТЕ СЛИКИ КОЈ ГИ ДОБИЛ ВО ИНБОКС

16/05/2025 9:49

Битолската полиција приведе 16 годишник откако уценувал маж на 34 години со голи слики кој овој му ги испратил преку социјалните мрежи. Адолесцентот бил од битолското село Бистрица, го намамил мажот преставувајќи му се дека е жена, па овој му испратил голи фотографии од него. Потоа со нив го уценувал, дека ако не му даде пари ќе ги објави на интернет.

Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Вчера (15.05.2025) полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода  16-годишник од с.Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!