MKinformer

your daily dose of news

Малолетник фрлал пари и дрога бегајќи од полиција, уапсени уште двајца соучесници

24/05/2026 13:14

Тројца се приведени во Велес во акција поврзана со дрога, откако малолетник се обидел да избега од полициска контрола и при тоа фрлал пари и марихуана.

Според информациите од полицијата, вчера во 02:20 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.А. (19) од село Долно Каласлари, велешко и Ј.П. (19) од Велес. Подоцна, во 15:15 часот, бил приведен и 17-годишен малолетник од Велес.

Случајот започнал при сообраќајна контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал М.А., додека како сопатници биле Ј.П. и малолетникот.

Во моментот кога полицијата го сопрела возилото, малолетникот излегол и побегнал. Додека бегал, фрлал пари и марихуана, кои подоцна биле пронајдени и одземени.

При прегледот на возилото, полицијата пронашла и дополнителна марихуана, по што двајцата 19-годишници биле веднаш лишени од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на малолетникот, во присуство на негов родител. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, телефон и пари.

Малолетникот потоа бил приведен во полициска станица, по што бил известен јавен обвинител и бил спроведен во Основното јавно обвинителство Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!