MKinformer

your daily dose of news

Само 4 дами смеат да носат бело пред папата

19/05/2025 14:17

Долгогодишната традиција наречена „privilege du blanc“ претставува посебно право што им дозволува на одредени католички кралици и принцези да носат бела облека пред папата – нешто што не важи за сите.

Вчера, на плоштадот Свети Петар во Ватикан, се одржа инаугурацијата на Папата Лав IV. Меѓу присутните, вниманието го привлекоа четири жени од кралски семејства, кои се појавија облечени во бело.

Ова не е обичен моден избор, туку симболична привилегија – „privilege du blanc“. Вообичаено, жените што присуствуваат на средба со папата треба да носат долга црна облека со долги ракави, висок околувратник и тантелна марама како израз на понизност и почит.

Сепак, неколку католички кралски дами имаат право на исклучок и можат да носат бела боја при вакви церемонии. Денес, само седум жени во светот ја имаат оваа чест: кралицата Летиција од Шпанија, кралицата Матилда од Белгија, големата војвотка Марија Тереза од Луксембург, принцезата Шарлин од Монако, кралицата Софија од Шпанија, кралицата Паола од Белгија и принцезата Марина од Неапол.

Кралицата Летиција од Шпанија

Кралицата Летиција одбрала елегантен бел фустан со долги ракави и превез од тантела, кој последен пат го носела на својата венчавка во 2004 година. Фустанот бил со миди-должина, благо струкиран, нагласувајќи ја нејзината става, додека превезот од тантела дополнително придонел за целосниот впечаток.

Кралицата Матилда од Белгија

Кралицата Матилда се одлучила за пораскошна комбинација, која вклучувала плисирано здолниште и сако, со високи потпетици и многу накит. Иако белата е дозволена, непишаното правило налага минимализам, па некои модни критичари сметале дека нејзиниот избор бил премногу впечатлив за оваа пригода.

Големата војвотка Марија Тереза носела долг, бел фустан со проѕирни детали, што му дало поопуштен тон на нејзиниот изглед. Иако фустанот бил елегантен, некои сметале дека можеби е премногу лежерен за свеченост од ваков ранг.

Принцезата Шарлин од Монако

Принцезата Шарлин одбрала миди-фустан со долги ракави со префинети детали, со краток превез и бели салонки. Нејзиниот изглед бил во согласност со протоколот, елегантен и суптилен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!