ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ НА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БИТОЛА, ИЗГОРЕЛЕ УШТЕ ДВЕ ВОЗИЛА
20/05/2025 11:17
Ноќеска на паркинг во Битола запалено е возило на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Огнот зафатил уште две возила кои биле паркирани.
Во пожар што се случи ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола.
Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил.
Од полицијата потврдуваат дека се опожарени три возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата. Во инцидентот нема повредени лица.
Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма.






