СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: СЛАВЧО МИСАЈЛЕСКИ ЈА ПРЕЗЕМА ФУНКЦИЈАТА
20/05/2025 22:35
На денешната 55та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, за нов претседател на Советот беше избран Славчо Мисајлески – советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот го реализира својот втор мандат во локалниот советнички состав. Мисајлески е познат по својата досегашна посветеност и активна улога во советничката работа, а со новата функција ќе го преземе раководењето со највисокиот општински орган на одлучување.
По повод изборот, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна: „Верувам дека Славчо Мисајлески ќе го вложи целиот свој капацитет, искуство и енергија во интерес на граѓаните и во насока на уште поефикасна и одговорна работа на Советот. Му го честитам изборот и му посакувам успешна и конструктивна работа.“
Покрај изборот на нов претседател, Советот доби и нов член – Бранкица Дукоски од урбаната заедница Хром, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денешната седница положи заклетва и официјално го започна својот мандат како дел од оветничкиот тим.
Славчо Мисајлески доаѓа на функцијата претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров откако претходниот претседател, Д-р Ленче Нелоска беше поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп.






