MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Земјотрес од 6,1 степени го погоди Крит – Грција

22/05/2025 12:42

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди брегот на Крит, а потресот се почувствува и во Турција и Израел. Нема пријавени повици за помош, но службите се во состојба на зголемена готовност.

Ова е втор силен земјотрес во регионот за една недела, по сличниот потрес кај островот Касос. Жителите во паника ги напуштија домовите, а има и штети – производи паѓале по супермаркети, се пријавени мали свлечишта и паднати делови од згради, особено во Хераклион, каде дел од зграда се урнал.

Општините спроведуваат инспекции, особено во училиштата, но досега не се утврдени сериозни оштетувања. Издадено е предупредување за можен цунами.

error: Содржината е заштитена од копирање !!