MKinformer

your daily dose of news

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА РАЗГОВАРАЛА СО ПАПАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

26/05/2025 18:05

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV во Ватикан по кој изјави: „Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.

Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.

Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот. Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!