Mодернизација на пругата Скопје–Гевгелија – ќе има нова паралелна пруга, но и поврзување кон аеродромот!
29/05/2025 9:50
Директорот на Јавното претпријатие „Железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски, синоќа во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри серија значајни информации поврзани со новиот договор помеѓу Македонија и Велика Британија, вреден до 6 милијарди евра, од кои околу 2 милијарди се наменети за изградба на новата железничка линија Скопје – Гевгелија.
„Ако само ги санираме старите пруги, а другите земји градат брзи железници, никогаш нема да ги стигнеме. За да бараш полноправно членство, мора да бидеш полноправно способен“, изјави тој.
„Целосното проектирање и изведба ќе бидат одговорност на изведувачот. Така ризиците се префрлаат од државата кон компанијата, што ја прави изградбата поефикасна“, појасни директорот.
„Со моменталната конфигурација тешко може да се постигне таа брзина. Ќе правиме корекции за побрз и побезбеден транспорт“, истакна Ивановски.
„Ова е долго посакувана новогодишна желба која конечно станува реалност. Скопјани ќе можат од центарот директно со воз да стигнат до аеродромот“, вели тој.
Видео:






