MKinformer

your daily dose of news

ФЕДЕРАЛНИОТ СУД ГИ СТОПИРАШЕ ЦАРИНСКИТЕ „ТАРИФИ“ НА ТРАМП, ГИ НАДМИНАЛ ОВЛАСТУВАЊАТА

29/05/2025 8:29

Федералниот суд во САД го стопираше спроведувањето на новите „реципрочни“ давачки наметнати од Трамп

Американски федерален судија го блокираше влегувањето во сила на увозните давачки што беа воведени од страна на претседателот Доналд Трамп на 2 април, по повод т.н. „Ден на ослободувањето“. Судот оцени дека претседателот ги надминал своите уставни овластувања со наметнување на таквите мерки кон земји кои имаат трговски суфицит со САД.

Сепак, оваа судска одлука не ги опфаќа постоечките 25-процентни давачки на увозот на автомобили, челик и алуминиум, кои и натаму остануваат во сила.

Судот за меѓународна трговија, со седиште во Менхетен, истакна дека Уставот на САД ја доверува исклучиво на Конгресот надлежноста за регулирање на трговските односи со странство и оти извршната власт не смее да ја суспендира таа надлежност, дури ни во услови на економска итност.

Администрацијата на Трамп веќе поднесе жалба на судската одлука, наведувајќи во документот: „Со ова се известува дека обвинетите поднесуваат жалба до Апелациониот суд на САД.“

error: Содржината е заштитена од копирање !!