Американскиот федерален апелационен суд пресуди дека најголемиот дел од тарифите воведени од претседателот Доналд Трамп се незаконски
30/08/2025 14:33
Американскиот федерален апелационен суд пресуди дека најголемиот дел од тарифите воведени од претседателот Доналд Трамп се незаконски, отворајќи пат за голема правна битка пред Врховниот суд на САД.
Со одлука донесена со 7 гласа „за“ и 4 „против“, судиите оценија дека Трамп немал овластување да воведува царини преку Законот за економски овластувања во вонредна состојба, бидејќи тарифите се во надлежност на Конгресот, а не на претседателот.
Што опфаќа одлуката?
-
Однесува се на т.н. „реципроцитетни тарифи“ наметнати на голем број земји во светот.
-
Опфаќа и дополнителни давачки кон Кина, Мексико и Канада.
-
Тарифите за челик и алуминиум остануваат во сила, бидејќи се воведени под друго законско овластување.
Следни чекори:
Пресудата нема да стапи во сила до 14 октомври, за да ѝ се даде време на администрацијата да поднесе жалба. Очекувањата на правните експерти се дека спорот ќе заврши пред Врховниот суд на САД, каде мнозинството судии се именувани од републикански претседатели, меѓу кои и тројца лично од Трамп.
Реакција на Доналд Трамп:
На социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп жестоко ја нападна одлуката:
„Ако овие тарифи исчезнат, тоа ќе биде целосна катастрофа за земјата. Таа буквално ќе ја уништи Америка.“
Оваа одлука отвора ново поглавје во судирот меѓу извршната и законодавната власт во САД, со потенцијално огромно влијание врз економската политика и трговските односи на земјата.






