MKinformer

your daily dose of news

Две малолетнички пријавени за исчезнати во Скопје

30/05/2025 13:34

Во два одделни случаи, две малолетнички биле пријавени за исчезнати во Скопје. Едната 15-годишна била пријавена за исчезната во полициската станица Чаир, синоќа нешто пред полноќ.

„На 29.05.2025 околу 23.30 часот во Полициската станица Чаир, А.П.(34) од Скопје пријави дека се оддалечила нејзината ќерка Ј.П.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението на МВР.

Денеска во Петровец 22-годишна пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 17-годишна сестра.

„Денеска (30.05.2025) во Полициското одделение Петровец, М.А.(22) од с.Петровец, скопско пријави дека од домот се оддалечила нејзината сестра М.А.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!